Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сѐ е подготвено за Евровизија – македонските претставници продефилираа на „синиот“ тепих (ФОТО)

МК Сцена

Сѐ е подготвено за Евровизија – македонските претставници продефилираа на „синиот“ тепих (ФОТО)

Вo вторник 8 мај, во Лисабон во „Алтис Арената”почнува 63. издание на избор за песна на Евровизија.

Првата полуфинална вечер е утре (8 мај), втората на 10 мај, а главната финална вечер е во сабота на 12 мај.

Учествуваат 43 земји, а нашите претставници – групата „Ај кју” настапува во првата полуфинална вечер. Со нив, во првата полуфинална вечер ќе се натпреваруваат и претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и Израел кој важи за најголем фаворит на овогодишната „Евровизија“.

Пред официјалниот почеток на годинашниот избор, претставниците на земјите учеснички прошетаа по синиот тепих во Лисабон, Португалија. Меѓу нив беа и македонските претставници, бендот „Ај Кју“.

Марија носеше кратко, сино фустанче со деколте, а својот изглед го надополни со сребрена чантичка и сребрени сандали. Бојан од „Ај Кју“ пак носеше црно-син костум со црна кошула.

Во арената „Алтис“ во Лисабон се изведоа и вторите проби на евровизиските учесници, што ни овозможи да видиме какви настапи не очекуваат во рамките на двете полуфинални вечери. Ѕирнете каков настап ни подготвуваат Бојан и Марија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.