Сцена
САМО АКО ДОЗВОЛИ БАБА: Принцот Хари чека одобрување од кралицата за да ја запроси Меган
Со нетрпение се очекува денот кога принцот Хари ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.
Но, пред да дојде до тоа, мора прво да се почитува кралската традиција, одноно тој мора да побара дозвола од својата баба кралицата Елизабета
Како што пренесува магазинот „Пипл“ тоа не е само знак на почитување на 90. годишната кралица Елизабета Втора, туку и како петти престолонаследник по ред, Хари мора да го добие нејзиниот благослов.
Имено, според законот кој е донесен во 1772 година, кралот или кралицата морале да му дадат дозвола на секој член на семејството кој сака да ја озакони својата врска. Низ годините, малку „омекнале“ па сега тоа се однесува само на првите шест престолонаследници, што ги вклучува принцевите Чарлс, Вилијам, Џорџ,Хари, Ендрју и принцезата Шарлот.
Истата процедура ја минала и Кејт Мидлтон, која ја запознала кралицата дури откако со принцот Вилијам била неколку години во врска.