МК Сцена
Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски денес ја објавија „Лажев“ (ВИДЕО)
Музиката на „Лажев“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара, а аранжманот на Бојан Трајковски.
Новиот видео запис го направија Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски, а за светлото се погрижија Нино Митевски и Љубиша Срделиќ. Спотот беше снимен во Македонска опера и балет.
За шминката беа задолжени модното студио ФРАН, а за фризурата Hair House.
Овие два исклучителни македонски музичари отсекогаш се водени од љубовта која ја имаат кон музиката и нивните изведби неретко допираат до сетилата на слушателите. „Лажев“ е нешто што се роди од чувства кои директно ја поттикнаа артистичката релација на Сара и Дамјан откривајќи нешто посензитивно од вообичаено.