МК Сцена
Саша Ковачевиќ ќе се дружи со фановите во Охрид
Саша Ковачевиќ активно се подготвува за големиот концерт на стадионот Билјанини Извори.
Во Охрид е веќе од четврток, бидејќи многу го сака овој град. Како што изјави во една пригода, Охрид му е во срцето и дефинитивно е во првите три омилени градови во светот.
Во петок Саша ќе ги посети најпознатите плажи во Охрид и Струга и одблиску ќе се дружи со своите фанови, а вечерта ќе биде на градскиот плоштад во Охрид.
Во сабота се подготвува огромно шоу на стадионот Биљанини Извори. Сето тоа што се случуваше во Скопје, во Охрид ќе биде многу поголемо. Журката ќе биде многу поголема бидејќи концертот е на отворено, ќе има огромна продукција, перфектна сцена со огромни димензии и светско осветлување и озвучување.
Билетите се во продажба по цена од 500 денари, а има и организиран превоз од сите градови во Македонија.