МК Сцена
Се подготвува новиот летен хит на Тајзи и Спејко
Тајзи и победникот на „Велики Брат“ Дарко Спејко го најавуваат балканскиот хит за ова лето „Палимо“.
Спотот се снимаше во Хрватска поточно во Сплит, Омиш и Макарска.
Во видеото се појавуваат и девојките од денс групата „Клик“(clique), има прекрасни живописни локации од хрватското приморје, а она што може да се издвои е автомобилот „Шевролет Импала“ кој го возеа за време на снимањето,а тоа е всушност автомобилот на Јосип Броз Тито.
Како специјални гости во спотот ќе ги видиме и ѕвездите од шоуто „Велики брат“, Ервин и Мирјана.
Песната е во весел летен ритам и е дел од вториот албум на Тајзи кој ќе излезе оваа година. Продукцијата е на Лазар Цветковски, додека текстот е на Тајзи, но за првпат можеме да чуеме нешто од него на друг јазик, односно на српско-хрватски.
Летово ќе има уште две нови песни и видеа и со тоа Tајзи ни најавува албум,а заедно со Дарко ја најавуваат летната балканска турнеја.