Сцена
Се продава вилата на Селена Гомез
Селена Гомез ја продава нејзината вила во во Тексас по цена од 2,999 милиони долари.
Вилата има пет спални соби и шест бањи и се простира на површина од речиси 1.000 метри квадратни.
Вилата што е изградена во 2005 година има исклучителни архитектонски детали.
Покрај вилата се сместени тениски терен, голф терен и базен со солена вода.
Како и сите други млади ѕвезди Селена не поминува многу време на едно место кога станува збор за недвижнините.
Во 2014 година таа ја продаде нејзината вила во Калифорнија, што во 2011 година ја купи по цена од 2,175 милиони долари. Нејзината вила ја купи Иги Азалеа.