Сцена
Се разведуваат Гвен Стефани и Гевин Росдејл
Познатата музичка двојка Гвен Стефани (45) и Гевин Росдејл (49), се разведуваат по 13 години брак, објави „Ју-Ес Викли“.
Двајцата музичари објавија заедничка изјава во која нагласуваат дека решиле повеќе да не бидат брачни партнери, но дека заедно ќе ги одгледуваат нивните три деца.
Гвен и Гевин имаат три сина – деветгодишниот Кингстон, шестгодишниот Зума и 17-месечниот Аполо.
Како причина за разводот Гвен и Гевин ги наведуваат „непомирливите разлики“. Тие најавија дека ќе бараат заедничко старателство на децата, а дека имотот ќе го поделат подеднакво.