Сцена
Се самоуби познатиот готвач Ентони Бордејн
Ентони Бордејн, светски познат ТВ готвач и писател, изврши самоубиство на 61-годишна возраст. Неговата матична телевизиска куќа Си-Ен-Ен ги потврди наводите.
– Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот колега и пријател, Ентони Бордејн. Неговата страст за авантури, нови пријателства, убава храна и пијалаци и неверојатните приказни од целиот свет, го направија извонреден раскажувач. Неговиот талент никогаш не престануваше да не одушевува. Ќе ни недостасува. Нашите мисли во овој тежок момент се со семејството и со неговите најблиски, соопшти Си-Ен-Ен.
Бурдејн деновиве во Франција ја снимал својата последна епизода од емисијата „Непознати краишта“ која се емитуваше на американската телевизија.
Неговиот близок пријател и соработник, францускиот готвач Ерик Рипер го пронашол Бордејн мртов денеска, во неговата хотелска соба.