Сцена
Селена Гомез: Боледувам од лупус
Селена Гомез во најновото издание на „Билборд“ призна дека боледува од лупус – хронична автоимуна болест која делува на внатрешните органи и го напаѓа здравото ткиво.
– Дијагностициран му е лупус и ја поминав хемотерапијата. Затоа направив пауза. Би можела да добијам мозочен удар, рече Селена, осврнувајќи се и на злобните коментари дека од јавноста се повлекла заради прекинувањето на врската со Џастин Бибер.
– Толку многу сакав да им кажам на луѓето дека незнаат ништо. Бев на хемотерапија, серковци. Се затворив во својата приватност додека повторно не почувствував самодоверба и не се чуствував пријатно во својата кожа, призна пејачката.
Селена заради болеста го откажа австралискиот дел од турнејата „Star Dance“ во јануари 2014 година, но за во мај идната година е најавен стартот на нејзината турнеја со новиот албум „Revival“.