Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Селена Гомез се повлекува од јавниот живот и музиката? (ВИДЕО)

Музика

Селена Гомез се повлекува од јавниот живот и музиката? (ВИДЕО)

На својот концерт во индонезискиот главен град Џакарта, поп пејачката Селена Гомез се расплака и потоа им порача на своите обожаватели дека „повеќе не може да се пронајде себеси во својата музика“.

– Веројатно ќе морам да го преиспитам својот живот. Да размислам која сум всушност јас. Никогаш не сум ве лажела, па нема ни сега, истакна 24-годишната пејачка, која изгледа го загубила својот пат и „не може сама со себе“, како што самата рече во емотивниот говор.

Поп ѕвездата остави слична драматична порака и на социјалните мрежи, па фановите сега се прашуваат дали ќе ја продолжи музичката кариера или ќе се повлече. Тие се загрижени и за нејзиното здравје, оти таа уште од тинејџерските денови се бори со депресија.

– Заминувам на терапија зашто луѓето во лице ми кажуваа дека сум дебела. Тоа беше ужасно! Јавно ме критикуваа поради дебелината и тоа ме уништи, призна младата пејачка.

Пред три години Селена привремено ја прекина својата кариера и со тоа предизвика доста гласини. Луѓето се прашуваа дали таа е можеби бремена, се бори со депресија или се уште страда по нејзиното поранешно момче Џастин Бибер. Кусо потоа, Гомез ја откри причината за привременото повлекување.

– Боледувам од лупус и тешко ми е да се справувам со сето ова, објасни тогаш таа.

Спас побарала и во религијата. Во една прилика образложуваше дека чувствува духовна празнина, и дека тоа е причината за нејзините бројни проблеми.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.