Сцена
Селена и Д Викенд прегрнати дефилираа на црвениот тепих на „Мет Гала“ (ФОТО)
Ги следиме од првата папарацо фотка од „Коачела“, а сега веќе заедно се појавија на црвениот тепих, официјално, новиот „селебрити“ пар – Селена и Д Викенд!
Освен што нивната врска е релативно нова и буквално сите зборат за нив, сепак на фотографите тие изгледаат навистина среќни во нивната љубов.
Парот за првпат се појави официјално во јавноста на овогодинешната „Мет Гала“ и беа прегрнати целото време.
Гомез (24) и Д Викенд (27) се држеа за раце и бакнуваа додека одеа по црвениот тепих на овој голем и престижен моден настан.
ТМЗ пренесува дека Селена цело време му шепотела љубовни пораки на Д Викенд во текот на вечерта.
Инаку на „Мет Гала“ се појави и поранешната девојка на Д Викенд, Бела Хадид, која носеше прекрасен модел на Александар Ванг.
Велат дека совршениот изглед е најдобар начин за освета? Пресудете сами! :)
А, само пред една година…