Сцена
Серена Вилијамс воодушевува со своите облини
Американската тенисерка Серена Вилијамс својот разновиден талент го потврдила откако неодамна на концерт и се придружила на пејачката Бијонсе, но сега одлучила да проба и како манекенка.
Имено, Серена е избрана да биде заштитно лице на еден престижен бренд за спортски градници, а колку е горда на својот нов ангажман, тенисерката открила на социјалните мрежи.
Фотографијата, која таа ја објавила на Инстаграм, е дел од рекламната кампања на брендот, а на неа се гледа како Серена, во балетски став, позира пред објективот.
Најдобрата тенисерка на светот, очевидно не ја оптоваруваат доминантните стандарди кога е во прашање женската убавина, туку успева да покаже дека убавината е во различностите.