Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Северина обвинета за кражба на песна на Ријана

Музика

Северина обвинета за кражба на песна на Ријана

Најновиот спот на Северина за песната „Секунда“ од објавувањето во понеделник веќе има над 900.000 прегледи, а голем број од оние кои го виделе се согласуваат дека песната е идентична со дуетот на Ријана со Ди-Џеј Келвин Харис, „We found Love“.

Многумина сметаат дека освен музиката и спотот потсетува на видеото на Ријана, бидејќи и Северина скока во голем број брзи динамични кадри.

– Можам да разберам кога балканските пејачи и продуценти крадат грчки и турски хитови кои не се толку познати, но да ја ископирате не само музиката, туку и спотот на еден Келвин Харис и Ријана кои сепак нешто значат во светската музика и кои планетарно се популарни, во најмала рака е смешно, е еден од коментарите на песната.

Оние кои ја сметаат Северина за неприкосновената кралица на естрадата, потсетуваат дека за плагијат се смета песна со три или помалку сличлни тактови. Има и такви кои мислат дека целта на Северина била само да крене прашина и на поширокиот пазар од регионалниот.

 

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.