Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Северина: „Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце“

Сцена

Северина: „Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце“

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Северина, кој ќе се случи на 30 март во „Арена Борис Трајковски“.

Сѐ е подготвено за овој спектакл, а непосредно пред нејзиното доаѓање тука во Скопје, хрватската пејачка објави видео на социјалните мрежи присетувајќи се на еден нејзин настап на „Златна бубамара“ од далечната 2014-та година, каде што на сцената настапи заедно со легендарниот Влатко Стефановски.

Северина го објави видеото, а под истото напиша:

„Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце. Првенствено од луѓето, храната, посебните концерти, големите светски уметници, како што е Влатко Стефановски. Ти благодарам Македонија и се гледаме во Скопје на 30 март во „Арена Борис Трајковски“, ќе биде тоа концерт за душа“.

Концерт за душа кој никако не смеете да го пропуштите. Концертот е речиси распродаден, останати се уште многу мал број на влезници. Затоа побрзајте и веднаш обезбедете ја вашата. Истото може да го направите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

Се гледаме на 30 март во „Арена Борис Трајковски“.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.