МК Сцена
СЕВЕРИНА ВИКЕНДОВ РАБОТНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе пее на прослава на болницата „Систина“
Балканската пејачка Северина овој викенд работно ќе го помине во Македонија, и тоа во петок во Штип, а во сабота во Скопје на две одделни роденденски забави.
Газдата на штипската винарија Еземит на роденден ја носи Северина да ги забавува гостите во петок, а на најбогатиот Македонец според Форбс, Орце Камчев, Северина ќе му пее во сабота во летниот диско клуб „Привилиџ“ на приватна прослава на болницата „Систина“.
Неофицијално, сумата која ја побарала, и ќе и биде исплатена била по 30 илјади евра од забава.