Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шакира ја прослави Греми наградата со своите синови, а им се обрати и на имигрантите во САД

Сцена

Шакира ја прослави Греми наградата со своите синови, а им се обрати и на имигрантите во САД

Албумот на Шакира, „Las Mujeres Ya No Lloran“, беше награден со Греми за најдобар латино поп албум, а по тој повод Шакира ја почести публиката со својот прв настап на наградите по 18 години.

Колумбиската пејачка ги воодушеви своите фанови со стомачниот танц, а потоа го отпеа големиот хит „Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53“, во која таа пееше за изневерувањето на нејзиниот партнер, поранешниот фудбалер Жерард Пике.

Маркетинг

Шакира примајќи ја наградата што и ја врачи Џенифер Лопез, во својот говор им ја посвети на сите имигранти во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас!“ Нејзиниот говор е одговор на заканите на претседателот Трамп за масовни депортации, поради кои многу имигрантски заедници се плашат. Но, покрај политичката порака, таа испрати и лична порака до нејзините омилени момчиња – синовите Саша (10) и Милан (12).

“Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Многу сум горда на вас, на вашата добрина. Ви благодарам што ме поддржувате”, им рече таа на децата, кои ја гледаа како ја добива наградата од публиката во идентични светкави одела.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.