Сцена
Шокантна промена во шоуто „Звездите на Гранд“: Карлеуша ја заменија со нејзината најголема ривалка
Новата сезона од „Звездите на Гранд“ започнува на 18. септември, а учесниците и гледачите на самиот почеток ги очекува една изненадувачка промена – нов член на жирите ќе биде балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Најинтересно е тоа што таа ќе го заземе местото на нејзината долгогодишна лута ривалка Јелена Карлеуша.
-Многу сме и благодарни сме на досегашната членка на жирито Јелена Карлеуша за долгогодишната соработка на овој проект и се што направи за учесниците, а продукцијата „Гранд“ останува куќата во која Јелена секогаш е добредојдена – се наведува во соопштението од „Звездите на Гранд“
Карлеуша на својот Инстаграм изјави дека се разделила со продукцијата „Гранд“ на мирен начин и дека главната причина за раскинување на договорот е новиот албум што наскоро ќе излезе.
-Драги мои, одлучив дека е време да се повлечам од „Ѕвездите на Гранд“пред новиот албум, и соодветно, по моја иницијатива, на 28 јуни оваа година, ја известив „Гранд“ продукција и го раскинав постојниот договор. Oваа одлука jа донесов како би можела максимално да се посветам на издавањето и промоцијата на новиот албум што доаѓа. Оттогаш до денес, имаше обиди да се најдат начини и услови за продолжување на снимањето, но не успеавме да се договориме. Кои се новите членови и како ќе изгледа конкуренцијата во иднина, не се прашања за мене. Им посакувам среќа – напишала Јелена во отворено писмо.
Продуцентското жири и понатаму ќе биде составено од Саша Поповиќ како претседател, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека стручно жири за оваа сезона ќе бидат Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миjковиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Давид.