Шоубиз
Адел на концерт во Минхен го покажа прстенот и ја потврди свршувачката: „Се мажам!“
Адел конечно ја потврди свршувачката со спортскиот агент Рич Пол.
36-годишната пејачка во 2021 година откри дека е во врска со основачот на менаџерската компанија „Klutch Sports Group“, која ги претставува кошаркарските ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Џон Вол.
Пејачката во петокот на концерт во Минхен покажа прстен на раката и рече дека се мажи. Имено, еден обожавател во публиката држел транспарент на кој пишувало „дали ќе се омажиш за мене“, што Адел го забележала и одговорила.
„Не можам да се омажам за тебе бидејќи веќе се мажам. Извини. Но го ценам тоа, ти благодарам“, рече таа и покажа на прстенот на нејзината рака. Тој момент од концертот е снимен и веќе се прошири на социјалните мрежи.
Гласините за нивната свршувачка се шират веќе подолго време, но парот не дава никакви најави за тоа. Тие неодамна беа фотографирани, а Адел имаше огромен прстен на раката.
Неодамна извор за „The Sun“ изјави дека Рич Пол ја запросил пејачката во нејзиниот роден Тотенхем, во северен Лондон. Среќната вест Адел ја споделила со пријателите и семејството, а на крајот на следната година планираат голема венчавка.