Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Адел се расплака откако ја виде Селин Дион на својот концерт

Шоубиз

Адел се расплака откако ја виде Селин Дион на својот концерт

Пејачката Адел (36) се расплака откако ја виде легендарната Селин Дион (56) за време на нејзиниот настап во Лас Вегас.

Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, Адел и пријде на Селин и ја прегрна, а во тој момент не можеше да ги задржи солзите. Емотивниот момент го снимил еден обожавател во публиката, кој подоцна го објавил на социјалните мрежи.

Селин Дион беше на концертот со своите 14-годишни синови близнаци Нелсон и Еди, публиката аплаудираше додека двете пејачки се прегрнуваа и разменија неколку зборови. Дион ја зеде раката на Адел, ја доближи до нејзиното лице и ја бакна, a потоа и двете почнаа да ги бришат солзите.

Пред неколку години Адел беше присутна да ја поддржи Селин на истата сцена во Лас Вегас. Тогаш Дион, по средбата со Адел, на социјалната мрежа напиша: „Воодушевена сум што Адел дојде на едно од моите шоуа… Ја сакам толку многу“.

Адел го коментираше и настапот на Дион на Инстаграм: „Кралица Селин. Какво шоу, апсолутен врв во мојот живот, многу ти благодарам за вниманието кон публиката и лудиот хумор“.

Потсетуваме, по одржаните 10 концерти во Минхен, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши концертите до крајот на годината, кои беа планирани таму. Таа рече дека нема планови да се занимава со музика после тоа. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF, додавајќи: „Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време“.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.