Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Актерот Алек Болдвин случајно усмрти и повреди членови на филмска екипа

Шоубиз

Актерот Алек Болдвин случајно усмрти и повреди членови на филмска екипа

Актерот Алек Болдвин случајно усмрти и повреди членови на филмска екипа

Познатиот холивудски актер, Алек Болдвин, на снимањето на неговиот нов филм случајно ја застрелал и убил кинематографката Халина Хачинс и го ранил режисерот и сценарист Џоел Соуза.

Вистинска трагедија се случи за време на снимањето на вестерн филмот „Rust“ во Ново Мексико, кога 68-годишниот актер го користел реквизитот за снимање сцени и ненамерно испукал куршум или куршуми кон филмската екипа.

Сеуште не се познати детали и не се знае дали некој го наполнил пиштолот со вистински куршуми или дали лажниот куршум што се користи за снимање испукал заедно со остатоци од вистински куршум во цевката на пиштолот.

Во јавноста се појавија фотографии на кои може да се забележи состојбата на актерот по немилиот настан.

Како што пренесуваат американските медиуми, Хачинс била пренесена во болница со хеликоптер, но набрзо починала. Додека пак Соуза се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата Кристус Сент Винсент во Санта Фе и се уште не се знае во каква состојба е.

42-годишната Халина Хачинс е родена во Украина, а растена е на советската воена база. Студирала на Киевскиот национален универзитет и дипломирала меѓународно новинарство.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.