Актерот Елиот Пејџ имаше прво појавување на црвениот тепих по промената на полот
Големо внимание на овогодинешната Мет Гала привлече актерот Елиот Пејџ (34), кому ова е прво појавување на црвениот тепих, откако во декември претходната година објави дека се идентификува како трансроден маж.
34-годишниот актер носеше црн костум и патики „Balenciaga“, а највпечатлив дел од изгледот беше зелената роза на палтото.
Елиот по признанието се раздели со сопругата Ема Портер, која неговата одлука за промена на полот ја поддржа јавно.
-Здраво пријатели, сакам да споделам со вас дека јас сум трансродова личност, дека сакам да ми се обраќате со тој/тие и моето име е Елиот. Среќен сум што го пишувам ова. Што стигнав до оваа фаза од мојот живот – напиша Елиот во своето соопштение на Инстаграм.
Ѕвездата на филмот „Juno“ бил на операција за отстранување на ткивото на градите со цел да го постигне посакуваниот помажествен изглед.