„Аквамен“ и Лиса Бонет: Актерскиот пар се разведува по пет години брак
Џејсон Момоа (42), познат по улогите во „Aquaman“ и „Game of Thrones“ и неговата сопруга, актерката Лиса Бонет (54) од „The Cosby Show“, се разведуваат. Во подолга објава на Инстаграм профилот на актерот, поранешните сопружници им објаснија на следбениците зошто се решиле на тој чекор.
– Сите го почувствувавме промените во ова трансформациско време. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања што се случуваат – започнаа актерите во заедничка објава и продолжија:
– И затоа ја споделуваме семејната вест за разводот. Не го споделуваме затоа што мислиме дека е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да се знае и живее. Се ослободивме да бидеме она што учиме да станеме.
– Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата колку што е можно повеќе. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее – заклучија, малку поетски.
Момоа и Лиса се во врска од 2005 година, а заедно имаат две деца. Судбоносното „да“ беше кажано на тајна венчавка во 2017 година. Момоа и помогна во одгледувањето на ќерката на Бонет, актерката Зои Кравиц, од нејзиниот претходен брак со познатиот музичар Лени Кравиц.