„Аквамен“ по разводот живее во кампер
Американскиот актер Џејсон Момоа (42) по разводот со долгогодишната сопруга Лиза Бонет (54) наводно се преселил во дворот на своите пријатели и сега живее во паркиран кампер.
Имено, славниот актерски пар неодамна на социјалните мрежи ги извести фановите дека решиле да стават крај на нивниот брак.
Папараците во САД го „уловиле“ актерот како излегува од камперот FORD RV вреден 750.000 долари, кој по разводот, очигледно, станал негов нов дом.
Момоа исто така беше фотографиран пред трговски центар минатата недела. На раката не носел бурма, а се чини дека се уште го негува својот необичен холивудски изглед.
Засега не е познато дали актерот официјално се преселил од својот дом во Калифорнија каде поминал многу години со сопругата Лиза и нивните две деца.
– Џејсон често преноќува во камперот. Повеќе го сака од хотел бидејќи е блиску до плажите. Тој не е баш тип кој изнајмува приватни авиони и престојува во луксузни одморалишта – изјавил за The Sun извор близок до актерот.
https://www.instagram.com/p/CUabxcBIHP0/