Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Алек Болдвин повторно обвинет за убиство од небрежност

Шоубиз

Алек Болдвин повторно обвинет за убиство од небрежност

Актерот Алек Болдвин (65) е обвинет за убиство од небрежност, две години откако случајно ја застрелал камерманката Халина Хачинс.

Поротата во Ново Мексико го обвини американскиот актер Алек Болдвин за убиство од небрежност за време на снимањето на филм во октомври 2021 година. Обвинението е вратено, неколку месеци откако првичните обвиненијата против него беа отфрлени и го товари актерот за убиство од небрежност врз основа на несовесно користење на огнено оружје и непочитување на безбедноста на другите.

Доколку биде прогласен за виновен, Болдвин може да се соочи со затворска казна до 18 месеци.

Адвокатите на актерот рекоа дека нетрпеливо го чекаат судењето и од почеток се држат до приказната дека виновникот е оној кој му го дал пиштолот на Болдвин и дека актерот не знаел дека во него има вистински куршум.

За потсетување, инцидентот се случи во октомври 2021 година на сетот на филмот „Р’ѓа“ (Rust), ​​кој сè уште не е објавен. Снимањето е завршено, но датумот на прикажување сè уште не е познат.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.