Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Александра Пријовиќ ја заврши својата турнеја со концерт во Белград

Шоубиз

Александра Пријовиќ ја заврши својата турнеја со концерт во Белград

Српската млада музичка ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа одржа спектакуларен концерт во белградската „Штарк Арена“.

Тоа беше последен концерт како дел од нејзината регионална турнеја „Od istoka do zapada“.

На концертот од првите редови ја бодреа нејзините најблиски членови на семејството како и голем број познати личности меѓу кои беше и нејзиниот кум Ацо Пејовиќ.

Српската пејачка претходно објави дека ќе паузира по концертот во Белград и дека се повлекува од јавниот живот. Пријовиќ работеше на последните албуми и турнејата со сопругот Филип Живојиновиќ, а таа откри дека наскоро би можеле да размислат за проширување на семејството. Двојката веќе го има синот Александар.

Александра Пријовиќ синоќа во Белград го одржа 63. концерт од проектот „Od istoka do zapada“, со што ја заврши својата 15-месечна турнеја. Таа настапи пред 22.000 луѓе, а бината беше поставена во центарот на белградска Арена, поради што таа со обезбедување се движеше низ публиката за да дојде до сцената.

@informertelevizija

Aleksandra Prijović večeras u Beogradskoj Areni održava koncert kojim će završiti turneju “Od istoka do zapada”, a mnoge kolege došle su da je podrže i uživaju u njenom glasu. Prija je napravila malo iznenađenje i počela je koncert iz publike. #informer #alkesandraprijovic #beogradskaarena #odistokadozapada #estrada #poznati #viral

♬ original sound – Informer TV

Со оваа турнеја Пријовиќ стана првиот регионален уметник кој успеа да распродаде неколку последователни концерти во најголемите концертни сали во сите поголеми градови во земјите од Југоисточна Европа. Имаше културно влијание во регионот и се смета за една од најголемите турнеи на Балканот.

Александра неодамна настапи и во Скопје каде ја наполни арената „Јане Сандански“.

 

 

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.