Шоубиз
Алесандра Амбросио на настап на Сека Алексиќ во Будва: Манекенката воодушевена од фолк ѕвездата
Фолк ѕвездата Сека Алексиќ приреди спектакуларен настап во една дискотека во Будва, а на големо изненадување на сите присутни во клубот се појави една од најпознатите манекенки во светот, Алесандра Амбросио.
Бразилската убавица Алесандра Амбросио на својот Инстаграм профил ја сподели атмосферата од настапот, со опис: “100% nonstop fun”, а на крајот објави слика со фолк ѕвездата, заблагодарувајќи и се за убавата забава:
– Ти благодарам Сека Алексиќ за неверојатно поминатото време во Црна Гора!
– Алесандра Амбросио престојува во Црна Гора со своите пријатели. Бидејќи го сака Балканот и енергијата на нашиот народ, таа изрази желба нејзините пријатели да ја однесат на некое место каде добро ќе се забавува. Предлогот на нејзините пријатели бил тоа да биде настап на Сека Алексиќ. Алесандра беше воодушевена од енергијата на Сека. Најмногу и се допаднала песната Аспирин, а притоа останала до крајот на настапот да се запознаат – изјавил извор за српските медиуми.
Поранешниот ангел на Victoria’s Secret, Алесандра Амбросио (41) летува во Будва, Црна Гора, а на своите фанови им се пофали со сцените во морето кои оставаат без здив. Манекенката од Будва се огласи на социјалните мрежи каде откри дека нејзините деца, 13-годишната ќерка Ања Луиз и 10-годишниот син Ноа Феникс, и прават друштво на одморот.