Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Алпер Салдиран го прослави својот 40-ти роденден

Комерцијална објава

Шоубиз

Алпер Салдиран го прослави својот 40-ти роденден

Шармантниот турски актер, Алпер Салдиран, го прослави својот 40-ти роденден и сподели прекрасни фотографии на својот профил на Инстаграм. Фановите му посакаа многу здравје, среќа и успех.  

Алпер ги освојува срцата на социјалните мрежи исто како и на малиот екран. Toj e еден од најомилените турски актери. Со кариера долга повеќе од една деценија, Алпер ја плени публиката со своите моќни изведби. Неговата страст за глума била очигледна уште од мали нозе кога за првпат излегол на сцената на само пет години, играјќи во претстави во неговата градинка. Ова ја поттикнало неговата силна љубов кон уметноста, што го натерало да нурне длабоко во театарот и танцот, особено кавкаските народни танци.

На македонската публика ѝ е познат од серијата „Срцето ми остана во Егејот“ на Дизи, која се емитува од понеделник до петок во 19:20 часот. Серијата ги спојува хуморот, романтиката и драмата, создавајќи трогателна приказна за љубовта што ги надминува разликите. Во серијата, Алпер ја толкува улогата на Мустафа. Амбициозен, модерен и самоуверен млад човек од Истанбул, кој е навикнат на брзиот градски живот, но откако ја запознава убавата Зелиш неговиот живот се менува. Зелиш пак, од друга страна, е девојка со силна волја, независна која го сака својот мирен живот во Егејот. Таа е длабоко поврзана со семејството, традициите и едноставниот начин на живот на нејзиниот град. Набргу двете личности од различно потекло ќе се најдат заплеткани среде една сложена љубовна приказна.

Гледајте ја серијата што го освои Балканот од понеделник до петок на Дизи и дознајте дали непријателство помеѓу Зелиш и Мустафа ќе премине во длабока и силна љубов.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.