Шоубиз
AMA награди 2022: Тејлор Свифт го собори сопствениот рекорд
Во неделата вечерта во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес се одржа 50-тото доделување на Американските музички награди.
Порториканскиот изведувач Bad Bunny ја предводеше листата на номинирани оваа година со најмногу номининации, вкупно осум, вклучувајќи ја и неговата прва досега за уметник на годината. На крајот освои две награди – за омилен машки латино изведувач и омилен латино албум, за „Un Verano Sin Ti“.
Ноќта ѝ припадна на Тејлор Свифт, сепак, која победи во сите шест категории за кои беше номинирана. Досега Свифт собра 40 награди на АМА, соборувајќи го нејзиниот сопствен рекорд за најмногу победи на најголемата церемонија на доделување награди во светот гласани од фановите.
Тејлор Свифт го освои трофејот за поп-албум за нејзиниот повторно снимен албум „Red“. Во последните години, Свифт снимаше нови верзии на нејзините стари албуми по спорот со нејзината поранешна издавачка куќа.
„Не можам да ви кажам колку мене ми значат моите преснимени албуми, но никогаш не очекував или претпоставував дека и вам ќе ви значат нешто“, рече Свифт при прифаќањето на наградата. „Не можам доволно да ви се заблагодарам што се грижите за овој албум на кого сум толку горда.“
Свифт, исто така, ја освои и главната награда на вечерта во трката за уметник на годината, натпреварувајќи се со големи имиња како Бијонсе, Хари Стајлс, The Weeknd, Дрејк и Адел.
Изведувачите кои настапија на сцената на АМА беа Пинк, која го отвори шоуто, Дов Камерон, Лил Бејби, Бебе Реџа, Кери Андервуд, Imagine Dragons и други.
Лајонел Ричи, 17-кратен победник на АМА, беше почестен со наградата Музичка икона за неговиот придонес во кариерата во музичката индустрија. Чарли Пут, Стиви Вондер и Ани Ленокс изведоа неколку песни од неговиот богат каталог во негова чест.
Шоуто објави некои од победниците пред емитувањето.
Елтон Џон ја однесе својата прва „АМА“ победа од 1988 година за најдобра соработка со Дуа Липа, станувајќи најдолго признат уметник во историјата на шоуто за награди.
Целосната листа на победници може да ја погледнете тука.
https://www.instagram.com/p/ClNe5hjrqid/?hl=en