Шоубиз
Амал Клуни блеска на 47. роденден, но дали нејзиниот брак со Џорџ е пред крај?
Амал Клуни наполни 47 години, но времето како да нема влијание врз неа. Познатата адвокатка за човекови права останува симбол на елеганција, благодарение на дисциплинираната нега и здравиот начин на живот.
Но, додека таа плени со својот изглед, гласините за криза во бракот со Џорџ Клуни стануваат сè погласни. Веќе подолго време се зборува дека парот живее одвоени животи поради напорните кариери. Џорџ ќе помине шест месеци во Њујорк поради театарски ангажман, додека Амал останува во Франција со седумгодишните близнаци.