Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Амбер Херд : Кој е таткото на нејзината ќерка?

Шоубиз

Амбер Херд : Кој е таткото на нејзината ќерка?

Актерката Амбер Херд во последните месеци е во центарот на вниманието поради неодамна завршеното судење со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, па затоа и нејзиниот приватен живот беше под лупа.

Амбер додека била во брак со Џони била во контакт со своите деца Лили-Роуз и Џек, а во 2015 година за магазинот Мери Клер зборувала за нејзината улога на маќеа, велејќи дека “тоа за неа била чест и најголем подарок кој некогаш го добила во својот живот“.

Откако во 2015 година раскина со Деп, изгледа сакала да остане во улогата на мајка.

Пред нешто повеќе од една година, Амбер ја изненади јавноста објавувајќи на Инстаграм објава во која откри дека станала мајка на мало девојче кое го нарекла Унаг Пејџ.

-Многу сум возбудена што можам да ја споделам оваа вест со вас. Пред четири години решив дека сакам да имам дете. Сакав да го направам тоа под мои услови. Сега разбирам колку е радикално за нас како жени да размислуваме на тој начин за еден од најфундаменталните делови на нашата судбина. Се надевам дека дојдовме до точка каде што е нормално да не сакаме прстен само за да добиеме лулка – напиша Амбер на почетокот на јуни 2021 година.

Таа понатаму откри дека бебето е родено речиси два месеци порано.

-Мојата ќерка е родена на 8 април 2021 година. Нејзиното име е Унаг Пејџ Херд. Таа е почеток на остатокот од мојот живот – додаде таа.

Странските медиуми тогаш пишуваа дека Амбер родила ќерка со помош на сурогат мајка откако лекарите и кажале дека никогаш нема да може да ја издржи бременоста до крај.

Прашање на кое Амбер никогаш не одговори, а за кое многумина шпекулираа е: кој е татко на нејзиното дете.

Се шпекулираше дека се работи за нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, актерот Џејмс Франкп со кој исто така била блиска или нејзиното поранешно момче Илон Маск.

Британски Мирор еднаш напиша дека пријателка на мајката и сестрата на Амбер, Пејџ и Витни, открила дека Амбер наводно водела судска битка со Илон Маск за замрзнати ембриони. Наводно, Илон Маск сакал да се уништат тие ембриони, додека Амбер сакала да има дете од еден од нив.

Амбер не ги потврди ниту ги демантираше овие наводи, а единствениот пат кога го спомна татковството беше со фотографија со нејзината ќерка која ја објави.

-Јас сум само мајка и татко. Таа е газдата – напиша тогаш актерката.

https://www.instagram.com/p/CRYmcORhpmi/

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.