Шоубиз
Анастасија Ражнатовиќ го покажа трудничкото стомаче и најави свадба со Немања Гудељ
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ очекуваат ќерка, а планираат и свадба во Севиља следната година, според вестите објавени во српските медиуми.
Ражнатовиќ ќе се породи во Шпанија, каде што неодамна се пресели со својот партнер.
Веста за нивната врска не беше објавена на широко, но откако медиумите ја објавија веста за бременоста, парот конечно ја потврди својата љубов. Анастасија на својот Инстаграм профил објави фотографија на која може да се види трудничкиот стомак, додека Немања ја допира нежно.