Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Анџелина Џоли и Бред Пит по осум години борба постигнаа договор за развод

Шоубиз

Анџелина Џоли и Бред Пит по осум години борба постигнаа договор за развод

Филмските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли потпишаа договор за развод, објави магазинот People. Со ова се става крај на осумгодишната правна сага на поранешната холивудска двојка.

Поранешната актерска двојка Анџелина Џоли (49) и Бред Пит (61) се согласија да се разведат по долги осум години. Веста за медиумите ја потврдил нејзиниот адвокат, пишува Би-Би-Си.

„Пред повеќе од осум години, Анџелина поднесе барање за развод од г-дин Пит. Таа и децата ги напуштија сите имоти што ги делеше со Пит и оттогаш се фокусираше на наоѓање мир и исцелување за своето семејство. Ова е само дел од долгорочниот процес кој започна пред осум години. Да бидам искрен, Анџелина е исцрпена, но и олесна што овој дел е завршен“, изјави адвокатот на Џоли, Џејмс Сајмон.

Деталите од договорот се уште не се познати.

Пит и Џоли исто така долго време водат правна битка и околу продажбата на нејзиниот удел во Шато Миравал, имот на југот на Франција каде парот соработува со семејство лозари од 2011 година за производство на розе вино.

Инаку, парот се вљубил во 2005 година на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Во филмот тие глумеа сопружници, навидум обични луѓе, но со многу необични работни места – и двајцата беа платени убијци, а на крајот и самите станаа мета.

Парот се венчаше во 2014 година, но идилата не траеше долго. Само две години подоцна, Џоли поднесе барање за развод по 11 години поминати заедно.

Поранешниот актерски пар заедно имаат шест деца. Шајло и близнаците Вивиен и Нокс се нивни биолошки деца, додека Захара, Медокс и Пакс се посвоени.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.