Анџелина Џоли објави ретки фотографии од своите ќерки на Инстаграм
Анџелина е се поактивна на друштвените мрежи, и освен тоа што таа го користи својот профил за да зборува за многу важни и сериозни теми, таа се реши да открие и детали од своето секојдневие и приватниот живот.
Познатата холивидска актерка отвори личен профил на Инстаграм и за само две недели ја заследија повеќе од 10 милиони луѓе.
Актерката на својот инстаграм профил сподели фотографии од нејзините ќерки како читаат книги. На првата фотографија е 16-годишната Захара Џоли-Пит која го чита првиот роман на Тони Морисон со наслов „The Bluest Eye“, објавен во 1970 година. На втората фотографија е 15-годишната Шајло која исто така чита роман со наслов „The Dark Lady“.
-Ова се омилените книги во нашата куќа. Би сакале да знаеме кои се вашите – напиша таа покрај фотографиите.
Анџелина неодамна присуствувала и на роденденската прослава на Салма Хајек со која глуми во новиот филм на Марвел „The Eternals“, чија премиера се очекува на почетокот на ноември.
Салма на својот профил на Инстаграм споделила видео од прославата на кое може да се види како Анџелина ја учат како се прави прочуениот „мексикански залак“, односно „мордида“, па така лицето на Салма заврши во роденденската торта.