Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Анџелина го тужи ФБИ поради поранешниот сопруг Бред Пит

Шоубиз

Анџелина го тужи ФБИ поради поранешниот сопруг Бред Пит

Со месеци се шпекулираше дека Анџелина Џоли поднела анонимна тужба против ФБИ уште во 2016 година, а сега е потврдено дека е вистина.

Актерката ја поднела тужбата под лажно име „Jane Doe“, во која вели дека Бирото за истраги и го одбило пристапот до записите поврзани со наводите дека нејзиниот „тогашен сопруг физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувале со приватен авион.

Јавноста веднаш се потсети на инцидентот што се случи во 2016 година во приватниот авион на семејството Џоли-Пит, на пат од Франција кон САД, кога Бред имал жестока пресметка со својот најстар син Медокс. Неколку дена подоцна беше откриено дека Џоли поднела барање за развод, а се дозна и дека актерот бил под истрага од ФБИ и социјалните служби поради извештаите дека вербално и физички ги навредувал децата.

Американските медиумите објавија дека сега е потврдено дека „Jane Doe“ навистина била Анџелина, а актерката поднела жалба на 9 август оваа година во која биле откриени неколку интересни детали.

Џоли му кажала на агентот на ФБИ дека Пит пиел, а потоа ја одвлекол до задниот дел од авионот каде што наводно ја фатил за раменици и ја тресел додека и рекол: „Го уништуваш ова семејство“.

Подоцна, наводно се случила уште една физичка пресметка во која Анџелина била повредена, а за да го докаже тоа на агентот му дала фотографија од лактот на која се гледа повредата. Рекла и дека Бред Пит ја полил со пиво. Тимот на Пит ги отфрли сите обвинувања.

Специјалниот агент потоа се сретнал со државниот правобранител и тие заклучиле дека Пит нема да биде обвинет, поради што Анџелина поднела тужба за да добие пристап до документите поврзани со истрагата против нејзиниот сега поранешен сопруг. Посебно за одбележување е фактот што ѝ било дозволено да ја поднесе жалбата анонимно, што е невообичаено.

-Госпоѓа Дое со години бара откривање на скриените информации за да се осигура дека нејзините деца добиваат квалитетна грижа и советување за штетата што им е нанесена. Информациите сокриени од Министерството за правда (Одделот за правда) и ФБИ содржат докази за оваа штета, а постојаното одбивање да и ги даде овие информации на г-ѓа Дое, која и самата е жртва на напад, постојано ги попречува нејзините обиди да им ги обезбеди на своите деца потребните нега и лекарска помош и со тоа предизвикување дополнителна штета – се наведува во жалбата на Анџелина.

Во 2016 година, Бред наводно бил под истрага за злоупотреба на деца од ФБИ и социјалните служби, по инцидентот во приватен авион кога Бред наводно го нападнал нивниот тогаш 15-годишен син Медокс, кој наводно се обидел да ја одбрани својата мајка.

Тимот на Пит негираше дека актерот го повредил синот. Парот набргу потоа го започна процесот на развод, а Бред Пит никогаш не беше официјално обвинет.

 

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.