Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Аргентинската полиција трага по часовникот „Ролекс“ кој Лиам Пејн го носел пред смртта

Шоубиз

Аргентинската полиција трага по часовникот „Ролекс“ кој Лиам Пејн го носел пред смртта

Исчезна часовникот „Ролекс“ на Лиам Пејн, вреден 30.000 фунти, пишуваат британските медиуми.

Полицијата започна потрага по дизајнерски часовник кој поранешната ѕвезда на One Direction го носел неколку часа пред да падне од балконот на хотелот во Буенос Аирес.

Полицијата ги пребарала домовите на тројцата осомничени за смртта на Лиам, но часовникот не бил пронајден. Аргентинскиот весник La Nacion пишува дека биле претресени и домовите на двете девојки со кои Лиам ги поминал последните часови од животот. Тие се третираат како сведоци и не се обвинети за ништо, но ниту кај нив не бил пронајден часовникот.

Хотелот Каса Сур Палермо, каде што загина Лиам, повторно ќе се пребарува поради часовникот. Ќе се претресува просторијата во која пејачот престојувал пред смртта во случај часовникот да е се уште таму и да не бил пронајден во претходната истрага. Полицијата во моментов се сомнева дека часовникот е украден.

Лиам го носел Ролексот на видеа и фотографии направени неколку часа пред неговата смрт.

„Од анализираните слики знаеме дека Лиам на денот на смртта имал часовник на зглобот. Го баравме во хотелската соба, но не го најдовме. Часовникот беше баран и во домовите на луѓето кои се под истрага поради сомневање дека го напуштиле Лиам и му доставувале дрога, како и во домовите на двете жени кои биле во собата со Лијам на денот на неговата смрт. Хотелската соба се уште е запечатена со судски налог и никој не може да влезе. Пребарувањето на часовникот во домовите на луѓето со кои Лиам бил во контакт пред неговата смрт беше првичен приоритет, но сега ќе се изврши дополнителна проверка за да се види дали е оставен некаде во неговата соба“, соопшти полицијата.

Да потсетиме, аргентинската полиција уапси три лица поради смртта на поранешен член на групата One Direction. Според извештаите на аргентинските медиуми, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријателот на Лиам, кој наводно се претставувал како негов менаџер. Пејачот пред смртта поминал извесно време со нив.

Двајца вработени во хотелот се обвинети дека го снабдувале Лиам со наркотици кои биле пронајдени во неговото тело по неговата смрт. Иако обдукцијата на Пејн покажа дека тој починал од повеќе повреди, во токсиколошкиот извештај беше наведено дека во неговиот систем е пронајден „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

Третото уапсено лице е наводниот пријател на Лиам, бизнисмен кој го поминувал секој ден со него додека бил во Буенос Аирес. Тој беше обвинет дека го занемарил и го напуштил Лиам затоа што не го известил семејството на пејачот дека бил во неволја и користел дрога, што доведе до смрт на Лиам. За ова обвинение е предвидена затворска казна од пет до 15 години, јавуваат странските медиуми.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.