Шоубиз
Аријана Гранде би вечерала со сериски убиец: Пејачката критикувана од семејство на една од жртвите по контроверзната изјава
Аријана Гранде се најде на удар на критики откако семејството на една од жртвите на серискиот убиец Џефри Дамер ја осуди затоа што рече дека би сакала да седне и да разговара со него, пишува TMZ.
Пејачката во неодамнешниот подкаст изјави дека нејзин идеален гостин на вечера би бил Џефри. Да потсетиме, Џефри Дамер беше сериски убиец кој уби 17 мажи. Тој исто така беше осуден за силување, канибализам, некрофилија и трајно складирање на делови од телото на неговите жртви.
Сеќавајќи се на настанот, таа им рече на водителите на Podcrushed: „Кога бев помлада бев опседната со сериски убијци. Бев на некој настан каде што беше помлада група на фанови, и тие беа со своите родители, и некој ми постави прашање: Ако можеш да вечераш со некој жив или мртов, кој би бил?“
Гранде тогаш откри дека ги прашала родителите дали може да го даде „вистинскиот“ одговор.
Таа продолжила: „Тие ме прашаа: Секако, каков е одговорот? и јас одговорив: Мислам, Џефри Дамер е прилично фасцинантен“.
„Мислам дека би сакала да го сретнам. Знаете, можеби со трета страна или некој вклучен. Но, имам прашања“.
Семејството на Тони Хјуз, една од жртвите на Дамер, било вознемирено од нејзината изјава. Мајката на жртвата на Дамер рече дека се надева дека Аријана, како и пошироката јавност, знае дека семејствата на жртвите чувствуваат вистинска болка секогаш кога ќе се спомене Дамер.
„Ми се чини дека не е нормална. Не е интересно или смешно да се каже дека би сакале да вечерате со него. Тоа исто така не е нешто што треба да им го кажете на младите“, изјави Ширли Хјуз.
Сестрата на жртвата, Барбара Хјуз-Холт, додаде дека забелешката на Гранде го гламурозира озлогласениот сериски убиец: „За жал, додека не се случи со неа и нејзиното семејство, таа едноставно не знае низ што сме поминале“.
Сестрата на Тони рече дека Аријана не е единствената што ја интересираат приказни за сериски убијци како Дамер, и дека ваквата тема носи огромен профит за телевизиите, стриминг сервисите и издавачите на книги. Имено, неодамна хит на Нетфликс беше токму приказната за Дамер.