Шоубиз
Аријана Гранде на детектор за лаги одговори дали направила пластична операција
Аријана Гранде неодамна учествуваше на тестот за детектор на лаги на магазинот „Vanity Fair“ каде се осврна на шпекулациите дека имала пластична операција во минатото.
Пејачката и актерка беше поврзана на детектор за лаги, а нејзината колешка од престојниот филм „Wicked“, актерката Синтија Ериво и постави низа прашања за нејзината кариера, а потоа ја праша: „Дали некогаш си направила нешто за да станеш попопуларна?“ Гранде ја праша актерката дали мисли на пластична операција, што таа потврди и ја праша дали имала операција на носот и градите и лифтинг на лицето, а пејачката одговори негативно.
Детекторот за лаги потврди дека Гранде ја кажува вистината, а пејачката потоа се пошегува: „Ова е најдобриот ден во мојот живот. Еве ви, луѓе на YouTube“. Дополнително, Гранде ги демантираше гласините дека направила подигнување на очите и ставила имплант на брадата, а тестот со детектор за лаги потврди дека ја кажува вистината.
„Имав филери на различни места и ставав ботокс, но престанав пред четири години. Ги поддржувам луѓето кои прават такви работи. Сè што прави жените, мажите и родово неутралните луѓе да се чувствуваат убаво, треба да се дозволи. Зошто треба да не интересира тоа?“, изјави поп-ѕвездата.