Шоубиз
Аријана Гранде официјално поднесе барање за развод по 2 години брак
Американската пејачка Аријана Гранде и нејзиниот сопруг Далтон Гомез официјално поднесоа барање за развод.
Аријана и нејзиниот поранешен сопруг Далтон беа заедно од 2020 година, а се венчаа една година подоцна пред само 20 гости во нејзиниот дом во Монтесито, а гласините за развод започнаа во јули оваа година.
Пејачката ги отстрани сите свадбени фотографии од Инстаграм, а набрзо почна да се гледа со актерот Итан Слејтер, пренесува TMZ. Таа го запознала Итан на сетот на мјузиклот „Wicked“, а актерот е познат по улогата на Сунѓерот Боб во истоимениот мјузикл.
И немаше да има ништо спорно доколку Итан не беше во брак, а набрзо се појавија гласини дека тој и пејачката започнале врска додека двајцата се уште биле во брак. Така, наводно, решила да се разведе од сопругот кога се заљубила во Итан, а набрзо и тој поднел барање за развод од неговиот брак.
– Моето семејство е само колатерална штета – изјавила за ова Лили, сопругата на Итан, за Page Six.
Сепак, тие не ги коментираа овие наводи, а како што пренесува TMZ, пејачката наводно поднела барање за развод во понеделникот преку нејзината адвокатка Лаура Васер. Како причина биле наведени непомирливите разлики. Набргу потоа, исто така адвокатот на Далтон поднел барање .