Шоубиз
Аријана Гранде се разведува по две години брак
Аријана Гранде и Далтон Гомез се разделија.
Поп ѕвездата (30) и агентот за луксузни недвижности (27) се разделија на почетокот на оваа година и оттогаш „тивко и со љубов работат на нивното пријателство“, потврдува извор за PEOPLE.
TMZ прв ја објави веста.
Гранде, која е во Лондон поради снимањето на екранизацијата на „Wicked“, беше забележана без својот прстен на раката, додека уживаше на финалето на Вимблдон во неделата.
Ariana Grande, Jonathan Bailey, Andrew Garfield and Tom Hiddleston aced a whole mood at Wimbledon. ? pic.twitter.com/qgx2UqW4ek
— Entertainment Tonight (@etnow) July 16, 2023
Аријана и Далтон ја започнаа својата врска на почетокот на 2020 година, а својата врска ја објавија во јавноста во нејзиниот спот за дуетот со Џастин Бибер, ‘Stuck with you’. Една година подоцна, во мај 2021 година, тие се венчаа во нејзиниот дом во Монтесито, пред публика од само 20 гости.
И покрај гласините за раскинување кои веќе беа актуелни во тоа време, пејачката во мај, по повод втората годишнина од бракот, објави слатка фотографија од венчавката, која неодамна ја избриша од социјалните мрежи.