Шоубиз
Бака Прасе и Карлеуша во живо на Јутјуб: Собраа 15.000 евра за поплавените во Босна и Херцеговина
Најпознатиот српски јутјубер Бака Праше, чие вистинско име е Богдан Илиќ, синоќа одржа емисија во живо на својот канал на Јутјуб, каде што го следат повеќе од 2,4 милиони луѓе, а на гости ја донесе српската пејачка Јелена Карлеуша. За време на лајвот се собираа донации, а јутјуберот рече дека сите пари ќе ги донира за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина.
Речиси 200.000 луѓе го следеа во живо, а досега видеото е прегледано повеќе од 1,6 милиони пати и е на прво место во трендингот низ целиот балкан.
За време на лајвот собраа 14.540 евра, а Бака Прасе им се заблагодари на сите и додаде дека ќе уплати уште 10.000 евра. Меѓу балканските познати личности кои донираа пари во живо беа познатите млади музичари Nucci и Voyage.
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во собирањето помош за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина, особено на Јелена Карлеуша и на луѓето кои издвоија волкава сума пари“, рече Богдан.
Карлеуша претходно зборуваше за поплавите. „Длабоко сочувствувам со луѓето кои настрадаа во БиХ. Ќе донирам пари и ја користам приликата да ги повикам сите да им помогнат на загрозените бидејќи само заедно можеме да го ублажиме овој ужас и несреќа“, напиша таа на Инстаграм.
Подоцна јутјуберот се пофали дека емисијата во живо со Карлеуша ги срушила балканските рекорди по прегледност и по број на гледачи во живо. „Ви благодарам за се, ве сакам сите“, рече тој.