Балканот со поддршка на Тамара Тодевска (ФОТО)
На Балканот и поширокиот регион денеска главна тема е одличниот настап на нашата Тамара Тодевска на изборот за песна на Евровизија.
Таа со песната „Proud“ вчеравечер ја претстави Северна Македонија пред Европа и како прва извлечена влезе во финалето на Евровизија кое ќе се одржи утре.
Јелена Карлеуша сподели видео од настапот на Тамара, додека Марија Шерифовиќ возвраќајќи исто така ја поддржа македонската претставничка преку нејзиниот Инстаграм профил, веднаш по нив Наташа Беквалац ги повика сите да гласаат за бројот 17 и Македонија.
Тамара Тодевска и Северна Македонија утре настапува под редниот број 8.