Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Барак Обама ја објави традиционалната годишна листа на омилени филмови, книги и песни

Шоубиз

Барак Обама ја објави традиционалната годишна листа на омилени филмови, книги и песни

Поранешниот американски претседател Барак Обама (63) ја објави својата традиционална годишна листа на омилени книги, филмови и песни. Обама на својот Инстаграм профил ги сподели своите 10 најдобри филмови и книги и 25 омилени песни.

– Секогаш со нетрпение очекувам да ја споделам мојата годишна листа на омилени книги, филмови и музика. Денеска ќе започнам со споделување на некои книги кои ми останаа во сеќавање долго откако ги прочитав – напиша Обама.

Списокот на книги ги вклучува: „The anxious generation“ од Џонатан Хајд, „Intermezzo“ (Сали Руни), „Patriot“ (Алексеј Навални), „Orbital“ (Саманта Харви), „The Anthropologists“ (Ајсегул Савас), „Stolen pride“ (Арли Расел Хохшилд), „In ascension“ (Мартин Мекинес), „Growth“ (Даниел Саскинд), „Someone like us“ (Динау Менгесту) и „The work of art“ (Адам Мос).

На списокот на филмови кои ги препорачува Обама да се погледнат се филмовите: „All we imagine as light“, „Conclave“, „The piano lesson“, „The promised land“, „The seed of the sacred fig“, „Dune: Part two“, „Anora“, „Didi“, „Sugercane“ и „A complete unknown“.

На листата на омилена музика се најдоа „Lunch“ на Били Ајлиш, „Texas hold ’em“ на Бијонсе, „Squabble up“ на Кендрик Ламар, „Si antes te hubiera conocido“ на Karol G и многу други.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.