Барак Обама планираше гала прослава за 60-тиот роденден со 400 поканети, но е принуден да прави промени
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, одлучи да направи гала забава за неговиот 60 -ти роденден, но поради коронавирусот беше принуден да ги промени плановите.
Како што пренесува Си -Ен -Ен, на забавата се очекувало да дојдат 475 гости, но неговата портпаролка изјавила дека тој драстично го намалил списокот на гости што ги планираше за денешниот 60 -ти роденден, поради страв од делта сојот.
Роденденската забава за поранешниот претседател првично требаше да се одржи во вила во Марта Винјардс (Масачусетс) на отворено и во согласност со препораките, а за гостите беше предвидено тестирање на Ковид-19, соопштил извор за Си -Ен -Ен.
На настанот требаше да присуствуваат повеќе од 400 гости, меѓу кои познати личности и поранешни соработници. Но, сега, забавата е сведена само на најблиското семејство и блиските пријатели.
На листата на поканети гости се наоѓаа Опра Винфри, која е близок пријател на семејството на поранешниот претседател на САД, како и холивудскиот глумец Џорџ Клуни и режисерот Стивен Спилберг.
Оваа забава наиде на критики од јавноста и медиумите кои истакнуваат дека Обама треба да ја откаже забавата со оглед на тоа дека моментално повторно се качуваат бројките на заболени од коронавирусот.