Бекам откри: „Викторија јаде иста храна секој ден веќе 25 години“
Прославениот фудбалер Дејвид Бекам (46) во новиот подкаст „River Cafe Table 4“ се пожали дека неговата сопруга Викторија (47) јаде иста храна веќе 25 години. Имено, модната дизајнерка долги години одржува завидна линија, а еден од факторите што секако и помага во тоа е тоа што секојдневно јаде риба на скара и зеленчук на пареа.
И додека Дејвид сака, како што вели, да експериментира во кујната, неговата сопруга ретко го заобиколува „своето мени“.
– Станувам многу емотивен за храната и виното. За жал, оженет сум со некој кој јаде иста храна веќе 25 години. Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и варен зеленчук – рекол Дејвид и додал:
– Единствениот пат кога сакаше да јаде нешто од мојата чинија беше кога беше бремена со нашата ќерка Харпер и тоа беше неверојатно. Тоа беше еден од моите омилени моменти. Не се сеќавам каква беше храната, но знам дека оттогаш не јадела.
Поранешна членка на групата „Spice Girls“ претходно откри дека не јаде храна подготвена во масло, путер и сосови. Покрај тоа, избегнува црвено месо и млечни производи. Како што вели, повеќе сака тост леб или зеленчук на пареа со малку зачин.
– За повеќето ресторани веројатно сум најлошиот кошмар. Сакам зеленчук на пареа. Сакам да готвам храна на многу едноставен начин. Не сакам масла, путер или сосови – изјави сопругата на фудбалерот, која е позната по тоа што секојдневно вежба.