Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бекамови ја рекреираа урнебесната сцена од документарецот во реклама

Шоубиз

Бекамови ја рекреираа урнебесната сцена од документарецот во реклама

Дејвид и Викторија Бекам снимија реклама за Uber Eats, онлајн платформа за нарачка и испорака на храна. Во таа реклама, тие ја повторија урнебесната сцена од документарната серија Бекам на Нетфликс, која брзо стана хит на социјалните мрежи по нејзиното емитување.

Имено, во рекламата Викторија носи маица со натпис: „Татко ми имаше Ролс Ројс“. За време на рекламата, Бекамови прават серија урнебесни гафови додека ја најавуваат својата нова реклама за Super Bowl со Џенифер Анистон. Обраќајќи ѝ се на камерата, Викторија вели: „Јас и Дејвид ќе бидеме во мала реклама“, само за Дејвид да се појави од зад ѕид и да ја прекине: „Биди искрена“. Таа потоа вели: “Јас сум!”

Викторија завршува со тоа што им кажува на гледачите: „Во ред, тоа е голема реклама“, а Дејвид додава: „Кажете им за што се работи“. По неколку моменти лажни расправии, двајцата се согласуваат дека рекламата е за време на „голем бејзбол натпревар“ наречен Хокеј Боул.

„Ох, и кажи им за Џесика Анистон“, ѝ вели Дејвид на Викторија, која веднаш и вели на камерата: „И Џесика Анистон ќе биде во неа“. Викторија дури и остана посветена на глумата, пишувајќи на својот Инстаграм: „Пред да заборавам, Дејвид и јас снимивме нешто за хокејскиот боул. Едвај чекаме да го видите. Ах, и Џесика Анистон ќе биде во него“.

За потсетување, во документарецот за животот на славниот фудбалер, Викторија изјави дека нејзиното семејство е дел од работничката класа. Кога слушнал што кажала пред камерите, Дејвид ѕирна низ вратата и и рече: „Биди искрена. Со каков автомобил те возеше татко ти на училиште?“ Викторија беше збунета од тоа и се обиде да избегне одговор. „Не е толку едноставно, зависи… искрена сум“, повтори таа.

https://www.youtube.com/watch?v=btdjLLXtvZA

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.