Шоубиз
Бекамови на одмор во Хрватска (ФОТО)
Дејвид Бекам со сопругата Викторија, ќерката Харпер и најмладиот син Круз пристигна во Хрватска, поточно на островот Лопуд.
Семејството престојува во комплексот Лопуд 1483, пренесуваат хрватските медиуми. Станува збор за поранешен францискански манастир кој бил реновиран од грофицата Франческа фон Хабсбург и тука направила комбинација од музеј, елегантен бутик хотел, заедно со црква, камбанарија и манастир. Во рамките на комплексот се наоѓа и Светата градина. Денес е едно од најпознатите и најпопуларните места на Јадранот.
Цената на едно ноќевање во комплексот на Лопуд е околу 1.400 евра, додека изнајмувањето на целиот комплекс за десет лица е дури 10.000 евра за еден ден.
Комплексот се наоѓа на најсеверниот врв на островот Лопуд, а погледот од него се протега кон малото пристаниште и островите зад него. Се состои од пет приватни апартмани, секој од нив има сопствено купатило и поглед кон морето или пространите градини на манастирот.
Кога станува збор за гастрономската понуда, во подготовката на јадењата се користат свежи, локални производи и домашни состојки. Ова место сè уште е една од најдобрите локации на Јадранот, а е достапно за изнајмување за приватен престој и настани.
Таму Бекамови ја одржаа забавата за 11-тиот роденден на својата ќерка Харпер, а гордата мајка со тоа се пофали на Инстаграм.
Новите екслузивни фотографии кои ги објавија медиумите во Хрватска, покажуваат како Бекамови уживаат во убавината на хрватскиот брег и море.