Бекамови позираа за Божиќ: Потегот на Дејвид ги насмеа сите
Еден од најпознатите парови во светот, Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија преку Инстаграм им го честитаа Божиќ на своите следбеници, а еден детаљ им паднал во очи на многу обожаватели на славната двојка.
Фотографијата за кратко време собра повеќе од два милиони „лајкови“, но, иако на почетокот фотографијата на сите им изгледа совршено, следбениците со „око соколово“ забележале и нешто што насмеа многумина.
– Среќен Божиќ – напиша 46-годишниот Бекам, под семејна фотографија.
Имено, многумина забележале дека поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид стои на прсти за да биде малку повисок покрај синовите кои го надраснале.
Под фотографијата тој доби безброј коментари од следбениците кои го забележале тоа, но и корисниците на Твитер ја искористија фотографијата за да се пошегуваат со славниот фудбалер.