Шоубиз
Без бурма и со непознат маж: Бритни Спирс предизвикува шпекулации за нејзиниот брак
Пејачката Бритни Спирс вчера беше забележана со непознат маж во Порторико, што предизвика гласини дека нејзиниот брак со Сем Асгари е во криза.
Според извор ексклузивно за „Page Six“, споменатиот човек е член на безбедносниот персонал на поп-ѕвездата. Носејќи црн фустан, Спирс и непознатиот маж се шетаат низ Порторико, а очевидец кој ги забележал изјави за „Page Six“ дека мажот зборувал на шпански.
Важно е да се напомене дека само неколку дена порано, Бритни беше видена без бурмата, што допринесе за ширење на гласините дека нејзиниот брак е во криза. Сепак, ниту Бритни ниту нејзиниот сопруг јавно не коментираа на овој настан.