Шоубиз
Бијонсе платила 100.000 долари за метрото во Вашингтон да работи еден час подолго
Брутален дожд, грмотевици, молњи и густиот распоред на возови во неделата вечерта (6 август) се заканија да го сопрат концертот на Бијонсе од нејзината „Renaissance World Tour“ во Вашингтон, но ништо не може да ја спречи Кралицата Беј – ниту мајката природа, ниту системот на метро во D.С.
Поради тешките временски услови кои значително го одложиле почетокот на шоуто, Бијонсе ги покрила трошоците од 100.000 долари за продолжување на возовите на метрото во D.C. за еден час, така што обожавателите ќе имаат начин да се вратат дома од одложеното шоу.
„Washington Metropolitan Area Transit Authority“ открил во соопштението за јавност дека „Renaissance World Tour“ ги покрил трошоците за „движењето на повеќе возови, оставање на сите 98 железнички станици отворени и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час железнички услуги.
Пејачката инаку по протокол излегува на сцената околу 21 часот, но во неделата доцнела бидејќи службите испратиле соопштение за невреме и ги упатиле жителите да побараат засолништа поради бурата.
Иако дождот продолжил да паѓа речиси во текот на целото траење на концертот, на Бијонсе тоа не ѝ било пречка да го одржи својот настап. Публиката била пуштена во салата околу 20 часот и 25 минути, а благодарение на помошта од Бијонсе, враќањето дома не им претставувало проблем.
Светската турнеја на Бијонсе моментално го пробива својот пат низ северноамериканската етапа. Турнејата заработи 154 милиони долари од вкупно 21 концерт низ Европа, што е најголемиот дел од која било турнеја на Бијонсе досега.