БИЛИ АЈЛИШ: „Ми се слошува од старите мажи“
Популарната американска пејачка Били Ајлиш за време на настапот на фестивалот Остин Сити Лимитс во Тексас, испратила порака за тамошниот актуелен закон за абортус, со цел поддршка на правата на жените.
Имено, во сојузната американска држава Тексас абортусот е забранет со закон, доколку фетусот има срцева активност што се дознава по шест недели, пред повеќето жени да дознаат дека се бремени.
– „Ми се лоши од старите мажи. Замолчете , по ѓаволите за нашите тела!“ – изјави Ајлиш.
Таа дури сакала да го откаже својот настап поради неодамна донесениот закон.